Несреќна љубов - знаете ли која е Буца од песната „Боље бити пијан него стар“
Песната „Боље бити пијан него стар“ од Плави Оркестар е една од најголемите хитови на осумдесетите, а и денес е омилена ширум Југославија.
На малкумина им е познато кому фронтменот Саша Лошиќ- Лоша ја посветил оваа песна.
Важен момент од односот меѓу Лоса и Буца е еден матурски состанок пред гимназијата. Врнело ситен дожд и Лоша долго чекал под стреа. Таа доцнела половина час, а кога се појавила била во друштво со најдобриот пријател.
Се поздравиле површно. Бидејќи го доживеал своето прво разочарување, тој заминува во кафаната „Пошта“ и нарачува литар вино.
Неколку недели подоцна инспириран од ова случување, потполно се повлекува во себе и во серии ја пишува песната која ја посветува на Буца.
Тој признава дека некогаш неговите песни немаат логика. На почетокот песната вели „Жао ми је што смо били само добри другови“, а додека во рефренот вели „Вино не зна да смо некад били сретни пар“.
Тој вели дека 25 години ја пее песната и не го забележал тоа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата