Несреќа при истовар - две лица завршија во болница
Несреќа за време на истовар, машина падна врз две лица. Како што стои во билтенот на МВР, околу 19.30 часот било пријавено во приватна фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, Е.М. (37) од Скопје со вилушкар се доближил до товарно возило „Сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со цел да се истовари една машина која била во камионот. Ја товариле машината во вилушкарот и ја врзеле со каиш. Откако го паркирал вилушкарот се доближиле лицата С.С. (60) од с.Мала Речица, тетовско и Н.И. (43) од с.Требош, тетовско, возачи во друга приватна фирма. При обид да ја истовараат, машината паднала врз нив. Со возило на Итна медицинска помош Н.И. бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. С.С. бил префрлен во Градска општа болница „8-ми Септември“ и кај него биле констатирани тешки телесни повреди. И двајцата биле задржани на понатамошно лекување. За настанот бил известен Државен инспекторат за труд.
Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора