Несовесни родители: Тргнале на одмор по 150 километри сфатиле дека ја заборавиле ќерката

Француско семејство кое тргнало на одмор поминало цели 150 километри пред да сфати дека го заборавиле своето тригодишно дете на простор наменет за одмор на автопатот по кој возеле.
А дека им ја нема ќерката утврдиле дури откако на радио слушнале известување за изгубено девојче најдено на автопатот.
Тригодишното девојченце било оставено на одморалиштето Бра-де-Зил во југоисточна Франција, на автопатот А7, попознат како „автопатот на Сонцето".
Кога едно друго семејство го пронашло девојчето, нејзините родители веќе одминале добар пат кон летувалиштето каде што се упатиле. Бидејќи подолго време никој не доаѓал по девојченцето, семејството што ја пронашло се обратило во полицијата.
Малечкото на полицајците им раскажало дека тргало на плажа и оти автомобилот со нејзините татко, мајка, брат и сестра заминал без неа.
Полицијата тогаш ги замолила сите радио станици да емитуваат известување коешто малку подоцна го слушнал нејзиниот татко. Остатокот од семејството тогаш веќе се наоѓал во Прованса по што се вратиле по него.
Локалното обвинителство разгледува дали ќе преземе некаква акција против несовесните родители.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
