Непроодни локални патишта во Крива Паланка и Ранковце поради снежните врнежи
Висината на снежната покривка во повисоките места над 1.000 метри надморска висина во Кривопаланечко изнесува околу еден метар со наноси и соспи, поради што непроодни се неколку локални патишта во селата во близина на градот и во Ранковце.
Според информациите од Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи во Крива Паланка, во консултација со ЈП „Македонија пат”, магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка-граничен премин со Бугарија, Деве Баир е прооден, како и сите регионални патни правци во двете општини.
– Поради снежна покривка од околу еден метар отсечени се жителите на селото Дренак, каде е расчистен асфалтниот пат до селото Метов од страна на екипи на јавното претпријатие „Комуналец” од градот, задолжени за зимско одржување, но земјениот пат е непрооден. До селото Огут, регионалниот патен правец е прооден, додека ќе се чисти од „Комуналец” локалниот пат од селото Огут до селото Нерав. Во текот на денот возила за расчистување ќе работат на патниот правец кон селата Калин Камен и кон селото Костур, посочуваат од Подрачно одделение РЦУК, Крива Паланка.
Во општина Ранковце патот кон селото Герман е исчистен, висината на снегот е околу 20 сантиметри, наставниците и учителите стасале до училиштето и се одвива непречено настава, но поради силен ветар има наноси на патот и тој треба повторно да се расчистува во текот на денот.
Патиштата во општината од прв и втор приоритет се расчистени, како и пристапот до итните служби и воспитно-образовните институции.
Ново на Сител
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта