-->
-->
Непречена испораката на огревни дрва во кумановско
-->

Од кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“ информираат дека непречно се одвива испораката на огревни дрва до граѓаните кои имаат склучено договори и оти располагаат со доволна количина со којашто ќе се задоволат потребите на граѓаните во престојната грејна сезона.
- Граѓаните кои што имаат склучено договор со претпријатието, навремено ги добиваа уплатените количини на дрва во текот на летото, изјави денеска директорот на подружницата, Ваит Саити.
Тој рече дека сите 1500 граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, а кои имаат склучено договор со јавното претпријатие, ќе бидат навреме снабдени со дрва.
- Околу 70 проценти од вкупно склучените договори, практично се реализираат. Мислам дека како и претходните години, испораката ќе се одвива без проблеми. Деведесет проценти од огревното дрво е бука, цената е 2.371 денар метар просторен, изјави Саити.
Според Саити, временските услови се одлични за испорака, така што во наредниот период ќе бидат дистрибуирани потребните количини дрва до останатите 30 проценти од корисниците кои склучиле договор со претпријатието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
-

ВМРО-ДПМНЕ: Посакуваме Данела да се надмине и да ги победи своите стравови и болки, борбата со таквите демони не е лесна
-

Менди Ќира го продава луксузното „Ауди“ на Мерко и најави отказ за сите што земаат плата а не одат на работа
-

Зголемено нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Демир Капија
-

Мицкоски: Не се блокирани средствата за ИПАРД од ЕК, се ќе истражиме
-

Осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 турски фудбалери
-

Нагелсман: Целокупната ситуација во Ливерпул не му ја олеснува работата на Вирц
-

Синер поуспешен од Оже-Алиасим на Завршниот АТП турнир
