Непал и Кина заеднички ќе го мерат Монт Еверест

Непал и Кина постигнаа договор да спроведат заедничко точно мерење на највисоката планина на планетата Земја – Монт Еверест, што се наоѓа на границата меѓу тие две држави.
Причината за новото мерење на највисокиот врв, чија официјална височина е 8.848 метри, се претпоставките на геолозите дека, поради силниот земјотрес во Непал од 2015 година, врвот може и „да се снижил”.
„Поаѓајќи од фактот што планината Жумулангма претставува вечен симбол на пријателството меѓу Непал и Кина, двете земји ќе развиваат соработка во разни области, меѓу кои и решавањето на проблемите поврзани со климатските промени и зачувувањето на животната средина. Заеднички ќе биде објавена и височината на врвот, откако на него ќе бидат спроведени научни испитувања“, се нагласува во официјалното известување, потпишано од двете страни.
Жумулангма е кинескиот ендоним на планината, што пак, на тибетски се нарекува Чомолунгма, а на непалски – Сагармата.
Претходно и Индија изрази подготвеност да им понуди помош на непалските власти при точното мерење на височината на планината Монт Еверест.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
