Неофицијално нов цpн рекорд: 1085 новозаболени од КОВИД во Македонија
Неофицијално дознавеме денешниот број на заболени е 1085. Нов цpн рекорд: 1085 новозаболени од ковид во Македонија, објавува Булевар.
Октомври има 13 623 од кои скоро 240 почината лица само за овој месец.
Еве ги вчерашните бројки:
Во последните 24 часа регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во државата, а се направени 2748 тестирања.
По градови во: Скопје 420, Велес 82, Прилеп 61, Тетово 58 , Куманово 35, Битола 33, Струмица 30, Охрид 23 , Штип 20, Крива Паланка 4, Свети Николе 13, Пробиштип 8 и др.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75) и двајца од Прилеп (73 и 78). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје 273, Куманово 15…
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30488, бројката на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058.
Во Куманово досега вкупно се заболени 2.244 лица, активни се 379, а починати 88.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции