Неочекувана ноќна посета преплаши двајца сопружници во хотел во Индија

Брачна двојка, која престојувала во еден хотел во градот Наинтал во северна Индија, останале затечени кога леопард упаднал во нивната соба додека тие спиеле, соопштија денеска официјалните власти.
- Сумит и Шивани Раторе ги разбудил звук од кршење на стакло, а набргу потоа виделе дека низ собата се движи леопард. „Големата мачка“ скршила еден од прозорците, влегла во собата, па во бањата, соопшти претставник на локалната Шумска полиција.
Како што хави ДПА, Сумит ја заклучил дивата ѕверка во бањата и веднаш ги повикал одговорните во хотелот. Оттаму веднаш повикале екипа од Шумската полиција, но пред да дојдат до него, леопардот избегал преку вентилацијата во блиската шума.
Во Индија се чести случаите кога леопард или некое друго диво животно ќе залута во урбана средина. Притоа, се случува да има и повредени луѓе. Во февруари леопард упадна во училиште близу градот Бенгалор и повреди три лица пред да биде фатен.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
