Необична појава на Антартикот ги збуни научниците: „За 35 години прв пат гледам вакво нешто“

Површината на мразот кој го прекрива Арктичкиот океан минатата зима била најмала во последните 38 години, што е нов знак дека климатските промени се забрзуваат, предупредуваат научниците.
Арктичкиот мраз веќе трета година по ред има најмала површина за време на зимата, откако во 1979. година започнале сателитските мерења, соопштиле во средата НАСА и Американскиот институт за снег и мраз.
Ова не е неочекувано бидејќи 2016. година била најтопла година во историјата и трета најтопла година по ред, што не е видено од 1880. година, кога почнала да се мери температурата.
"Ја следам арктичката клима во зима веќе 35 години и уште не сум го видел ова што се случува последните години", рекол директорот на NSIDC, Марк Серезе.
Исто така, податоците од сателитот "CryoSat-2" на Европската вселенска агенција покажуваат дека арктичкиот мраз е нешто потенок отколку во последните четири години.
"Така тенкиот мраз на почетокот на топлиот дел од годината најавува можност за нов рекорд во најмала површина на мраз во септември", истакнува Џулијен Строев, научничка од "NSIDC".
Најмалата површина на мраз во септември прв пат ги алармирала научниците во 2005. година, кога паднала на невидено ниско ниво.
Ново на Сител
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
