Ненадејно починал шефот на руското воено разузнавање Игор Сергун
Шефот на главната руска разузнавачка служба Игор Сергун ненадејно починал во 58-та година од животот, информира вчера руското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.
Во соопштението на Министерството се наведува дека Сергун починал во неделата, но не се наведени детали за причината на смртта, ниту за местото каде починал, пренесуваат американските медиуми.
Се верува дека воената разузнавачка служба, попозната по скратеницата ГРУ, е најголемата руска надворешна разузнавачка служба, наведуваат американските медиуми.
Сергун на чело на ГРУ беше именуван во 2011 година, а претходно бил руски воен аташе во Тирана, во Албанија.
Рускиот претседател Владимир Путин упути изрази со сочуство до неговото семејство, во кое наведе дека колегите и подредените го знаеле како вистински воен офицер, искусен и компетентен командант, многу храбар човек и вистински патриот и го почитувале неговиот професионализам, силен карактер, чесност и пристојност, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-
Шолц: Предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа е неприфатлив
-
Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји
-
Прв телефонски разговор меѓу Калас и Рубио, темите биле Украина, Иран и Кина
-
Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид
-
Во Берово најстудено, измерени -2 степени
-
Украина ноќеска со дронови нападнала нафтени и енергетски постројки во западна Русија
-
Американски суд привремено го блокира барањето на Трамп за суспендирање на програмите за финансиска помош
-
Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори