-->
-->
Ненадејна смрт: Млад кошаркар почина во сон
-->
Бразилскиот кошаркар Фабрисио Мело почина ненадејно во 26. година од животот.
Како што пренесоа странските медиуми, некогашниот играч на Бостон го пронашла мртов неговата мајка во семејната куќа.
Ноќта пред тоа тој порано отишол да спие, а потоа мајката го пронашла во креветот без знаци на живот. Причината за смртта се уште не е позната.
Фаб Мело студирал на универзитетот Сиракуза, каде бил втора година, а во 2012 беше прогласен за најдобар дефанизвец во сезоната. Истата година на драфтот на НБА е избран како 22. пик од страна на Бостон Селтикс.
Уште како млад играч му предвидуваа одлична кариера, а со своите партии ги оправда сите очеквуања.
Сепак во 2014 година по селибата од клуб бо клуб, Мело одлучи да се врати дома во Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?