Loading Video...
Кошарка
7. November 2019 - 13:40

Ненад Димитријевиќ му донесе победа на Хувентуд во Еврокупот

Благодарение на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ екипата на Хувентуд го доби дерби дуелот од 6.коло во Еврокупот против Уникс Казан. 
 
Димитријевиќ кој одигра уште еден брилијантен натпревар кој го заврши со учинок од  23 поени (2/4 за тројка, 6/6 од поле, 5/6 од слободни фрлања), а 5 асистенции и 1 скок, со неговиот потег го реши победникот. 
 
Имено, Димитријевиќ на четири секунди пред крајот по соло акција постигна кош, а изнуди и дополнително слободно фрлање кое го реализира за победа на својата екипа со конечни 79-77. 
 
Со својата игра, популарниот Нено, по којзнае кој пат ги потврди своите високи квалитети, со кои се наметнува и како прва опција на плејмејкерската позиција во македонската репрезентација која во февруари ќе ги започне квалификациите за ЕП.