Свет
1. December 2020 - 19:01

Нема знаци за политички мотив во нападот со автомобил во Трир

 Иследниците не гледаат никакви знаци за политички мотив во денешниот напад со возило во пешачка зона во западногерманскиот град Трир, во кој загинаа најмалку две лица,а над 10 други лица се повредени, изјави извор од германските безбедносни служби за ДПА.

Полицијата во моментов го испрашува главниот осомничен, соопштуваат властите, и додаваат дека засега немаат идеја кој бил мотивот на возачот да влета со голема брзина во луѓето во центарот на градот.

-Една од жртвите е бебе, рече Малу Дрејер, премиер на државата Рајнска област-Пфалц, во која се наоѓа градот Трир.

Властите се уште се обидуваат да го избројат бројот на загинати и повредени, пренесе ДПА.