Нема скриена агенда во пописот, не е доцна сите партии да се вклучат во неговото спроведување, вели Маричиќ
Владата нема никаква скриена агенда во пописот, а неговата политизација и форсирањето негативна кампања, може само да креира тензии, рече вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Во гостувањето на ТВ Сител, тој испрати порака до сите граѓани и политички партии, дека не е доцна да се вклучат во спроведувањето на пописот, зашто, како што истакна, на државата и требаат реални бројки.
-Зошто да имаме тензии кога можеме да имаме резултат кој ќе ни помогне да ги планираме образованието, здравството, економијата,… Нам ни треба реална слика, не ни требаат ни повеќе Македонци, ни помалку Македонци, ни повеќе Албанци, ни помалку Албанци или кои било други. Ефектот од таква, да речам, политизација или негативна кампања кон пописот може да биде само нереална бројка, значи нереално малку луѓе од едната заедница или од едниот народ или од другиот народ, нагласи Маричиќ.
Според него, сите диксуии требаше да завршат уште минатата недела кога земјава доби верифиакција од Евростат дека сите стандарди и законот и методологијата се согласно европските стандарди за попис.
-Мислам дека тоа треба да ги увери граѓаните дека Владата нема никаква скирена агенда во спроведувањето на оваа операција, дека навистина ни требаат податоците за секој град, за секое населено место, за секој човек, за секое домаќинство. Со најчесна намера пристапуваме, а и затоа на ДЗС како професионална институција и припадна честа или одговорноста да го спроведува пописот, напомена министерот.
Негативните коментари, оцени, призлегоа од политизирањето на опозицијата со која имало неколку обиди за преговори.
-Јас изразувам жалење за тоа. Правев повеќе обиди и во Собранието и претходно пред да станам министер, а имало обиди за преговори со опозицијата и од други чинители од Владата, меѓутоа концептуално ни беа различни позициите. Опозицијата се залагаше за стариот концепт на пописот, оној што не успеа во 2011. Ние се залагавме за еден нов концепт што ќе ја направи што повеќе статистичка операцијата и што помалку политичка, објасни Маричиќ.
Тој потсети дека од понеделник почнува пописот за одредени категории лица во воспитно-поправните домови, затворите, Армијата, дипломатите во странство и нивните семејства, бездомниците.
– Мислам дека од 1 до 31 март ќе треба овој процес да се заврши, а од 1 април до 21 април да почне за граѓаните, рече министерот Маричиќ.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
