Живот
10. February 2016 - 22:28

Нема пречки: Со овој руски камион може да одите било каде!

Рускиот SHERP ATV е едно од оние возила за кои не постои пречка. Теренецот со интересен дизајн и големи гуми, може да помине преку пречки високи до 70 сантиметри, да врти како тенк и да плови преку водена површина без проблем.
 
SHERP е изум на Алексеј Гарагашијан, а чини 49.000 долари. Возилото тежи само 1300 килограми, а од малиот 1,5 литарски V1505 дизел мотор испорачува 44 коњски сили. Преносот е преку 5-степен менувач, а максималната брзина на копно му е 45 километри на час. Во вода брзината му е 6 километри на час во зависност од ветерот.
 
Резервоарот собира 57 литри гориво, но производителот остава можност за разни модификации на целото возило.