Нема повеќе пломби – нов лек помага забите да се излечат сами
Пломбите за заби ќе заминат во историјата благодарение новото откритие – лекот наречен Tideglusib. Лекот е развиен и се тестираше за Алцхајмерова болест, но се покажа дека исто така помага за поттикнување на природниот механизам на забите за раст, па така забите сами ќе се лечат.
Tideglusib функционира така што ги стимулира клетките во пулпата на забите, која е извор на дентин. Дентинот е минералзиирана супстанција под глеѓта на забите која се нагризува поради расипување на забите.
Teeth можат природно да го регенерираат дентинот без некаква помош, но само во одредени околности. Пулпата мора да биде изложена поради инфекција или траума, па да почне да се произведува дентин. Но, дури и тогаш забите можат повторно да пораснат само мал слој, пто е недоволно за да се затворат отворите предизвикани од бактерии. Tideglusib го спречува креирањето на ензимот GSK-3, кој го стопира формирањето на дентинот.
Во текот на истражувањето тимот од научници во расипани заби ставиле мали биоразградливи сунѓери направени од колаген натопен во Tideglusib. Сунѓерите поттикнале раст на дентинот и за само 6 недели расипаните заби повеќе не биле расипани. Колагенската структура на сунѓерите се стопила и останал само целосно здрав заб.
Засега лекот е тестиран само кај глувци. Сепак, како што велат истражувачите од Стоматолошкиот инситут на Кралскиот колеџ во Лондон, бидејќи лекот веќе е тестиран и испробан за една болест, па многу лесно ќе може да се примени на клиники.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“
-

Како „Везилка“ ќе ја ткае паметната иднина? | Димитар Трајанов и Пешевски | Sitel Podcast 129
-

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели
-

Уставната судијка Дабовиќ поднесе оставка
-

Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка | ВИДЕО
-

Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака - подготвени сме
-

Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември
-

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел
