Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му се одземени ингеренциите како што тврди ДУИ.
Според Мицкоски, од ДУИ и треба да се очекуваат „вакви теми, за јазикот, бројката, процентот“, зашто сигурно нема да излезат со некакви предлози за економска реформа, подобро образование или поквалитетно здравство.
-ДУИ ќе си тера вака, немојте да очекувате дека ќе излезе со предлог за некоја брилијантна економска реформа или како до подобро образование, поквалитетно здравство. Вакви теми ќе бидат - јазикот, бројката, процентот. Тоа ќе очекувате од ДУИ. Ние не сме заробеници на вакви демагогии од пред неколку декади. Тие живеат уште во тоа време кога почнале да се занимаваат со оваа работа. Мене и на Владата ни е најважно луѓето да живеат добро, тоа е нашата борба, ако некому му се допаѓа тоа е тоа, ако не му се допаѓа, ќе дојдат избори, ќе гласаат против нас, ќе дојде некој друг, СДСМ или друг и нека тераат. Нашата цел е добро да живеат сите граѓани, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба.
Ако некому му смета тоа што го кажа Венс и мене ми пречи што 20 години не можам ни милиметар да мрднам не зашто не сум добар, туку зашто некој треба да решава прашања од 10-ти или 11 век, реч
Во врска со наводните партиски вработувања, повтори дека додека е тој на чело на Владата, ќе се вработуваат само компетентнти и луѓе кои ќе одговорат соодветно на работните места.
-Нема таква работа ниту ќе има додека сум претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат компетентнти и луѓе кои ќе одговорат соодветно на работните места. За партиски и етнички клучеви не треба да дискутираме, сме кажеле дека ќе напрваиме закон за да има правична етничка застапеност. Бадентерот е уставна категорија, ние мора да го усогласиме законодавството со уставната категорија. Некој може да седи и да си прави списоци, но додека сум премиер тоа нема да се случи, нагласи премиерот.
Ново на Сител
-

Кривична за поранешен градоначалник на Струмица и пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси
-

Поддршка на законските измени за задолжително парно во новите градби каде има можност
-

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски тврди дека барал да не се издаде дозвола за „Пулс“
-

До недела дожд
-

Мицкоски: Платформата за следење на проектите финансирани од Владата - силна порака дека државата е решена да биде отворена и отчетна
-

Приведени возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди
-

Причината за трагедијата во „Пулс“ не е поради градежни пропусти на објектот, тврди одбраната на општинските градежни инспектори
-

Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК, ќе бараме интегритет и одговорност од сите институции
