Нема пари за членките на ЕУ кои не се солидарни со бегалците
Земјите кои што не ја делат солидарноста како европска вредност не можат да сметаат на европските пари, најави германскиот министер за економија Зигмар Габриел во интервју за весникот „Билд“.
Германскиот вицеканцелар во интервјуто ги повтори заканите искажани од неговиот колега министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мазиер. Габриел вели дека „додека неговата земја отвора училишта, и домови за бегалските семејства други земји поставуваат бодликава жица на своите граници и ги затвораат граничните премини“.
„Европа е заедница на вредности базирана на човечко разбирање и солидарност и тие што не го делат нашите вредности не можат да сметаат на нашите пари за некое време“, изјавил Габриел кој е лидер на втората најмоќна германска партија СПД која е во коалиција со партијата ЦДУ на канцеларката Меркел. Тој смета дека доколку оваа практика не запре Европа ќе биде во поголема криза од онаа што ја предизвика финансиската и грчката криза.
Коментарите на вториот човек во германската влада пред се се однесуваат на однесувањето на Унгарија која ја затвори границата со сите свои соседи и која користи значителни фондови од заедничкиот буџет на ЕУ но и на Хрватска која по само еден ден криза на својата граница најави дека веќе нема капацитет да прими бегалци. Сликите од српско - унгарската граница каде што по усвојувањето на антибегалските закони од владата во Будимпешта беа употребени солзавец и водени топови предизвика шок во ЕУ и негативен имиџ за унијата која се доживува како заедница каде што меѓународните конвенции за човекови права и правата на бегалците се почитуваат целосно и каде што жртвите на воените конфликти секогаш можеле да најдат прибежиште.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал