Нема отворање на БКК во Пустец, ќе чека регистрација
Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија.
Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.
- Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.
Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот.
- Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.
Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.
Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации.
- Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.
За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец.
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
