-->
-->
Нема откажување на „Ел Класико“
-->
Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хорхе Фернандес Дијас, потврдил дека натпреварот меѓу Реал и Барселона, познат како „Ел Класико“, ќе се одигра во предвидениот термин и покрај нарушената безбедносна состојба во Европа.
Терористичките напади кои се случија во Париз во петокот, полициските акции за апсење на терористи, како и откажаните контролни натпревари меѓу Белгија и Шпанија, односно Германија и Холандија, го доведоа под знак прашање одигрувањето на „Ел Калсико“.
„Не ја разгледуваме можноста натпреварот да биде откажан. Нема причина тоа да се случи. Ги засиливме безбедносните мерки, а причините за тоа се очигледни, но во моментов нема причина мечот да биде откажан“, рекол Фернандес Дијас.
„Обезбедувањето ќе биде засилено не само на стадионот и приодите до него, туку и во околината на стадионот. Ќе биде тоа интензивна операција. Натпреварот ќе биде високоризичен, но сакаме да се одигра според предвиденото“, дополнил шпанскиот министер за внатрешни работи.
Една од најголемите дерби пресметки во фудбалскиот свет, дуелот помеѓу Реал и Барселона ќе се одигра во Мадрид, в сабота, со почеток во 18:15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески