Нема одлука за еврообврзница, но се разгледуваат можностите
Македонија испратила барање до неколку меѓународни банки за доставување предлози за издавање Еврообврзница во првата половина на 2018 година, објави Ројтерс, повикувајќи се на банкарски извори.
Од Министерството за финансии за МИА велат дека Владата во овој момент се уште нема донесено одлука за издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал и оти во своето работење има редовна комуникација со меѓународните банки и потенцијалните инвеститори и ги следи движењата на пазарот на капитал.
Целта, како што посочуваат, е Министерството за финансии да донесува информирани и стратешки правилни одлуки. Врз основа на овие информации Министерството носи одлуки за идните начини на финансирање, зависно од условите.
Појаснуваат дека Министерството за финансии може да издаде ваков инструмент само со усвојување на одлука на Влада, а во моментов таква одлука нема.
Последанта еврообврзница Македонија ја издаде во јули 2016 година во вредност од 450 милиони евра со каматна стапка од 5,625 отсто со рок чиј рок на достасување е јули 2023 година.
Ново на Сител
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот