Нема најава за затворање фабрики во ТИРЗ поради економската и руско-украинската криза
Нема најави дека некои компании од ТИРЗ ќе ги затворат своите капацитети и ќе заминат од земјава, рече денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Деспотовски информира и дека привршуваат разговорите со голема канадска компанија која е веќе присутна во земјава, а планира значително да ги прошири капацитетите.
-Има и неколку нови договори од оваа година кои се во завршна фаза и кои набрзо очекувам да ги презентираме како нови инвестиции. Но, од постојните компании немаме никаква најава за затворање, напомена директорот, одговорајќи на новинарски прашања откако претходно ја презентираше анализата за ланските економски активности и резултати во зоните.
Според Деспотовски, ситуацијата со војната во Украина внимателно се следи и засега нема потреба од дополнителни државни интервенции во овој сегмент. Но, доколку се укаже потреба, ќе се преземат соодветни мерки.
-Извозот во првиот квартал од 2022 година е 10 отсто повисок во однос на истиот период лани, увозот расте со одредено темпо, но побавно за околу два отсто, а има и раст на бројот работни места во првиот квартал од 2022-ра за четири отсто во однос на послендиот месец од минатата година, повтори Деспотовски.
Тој очекува позитивните трендови евидентирани во зоните минатата година не само да се задржат, туку и да се засилат, и покрај притисоците врз економијата од глобалната криза и руско-украинскиот конфликт.
Ново на Сител
-
Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед
-
Во вториот квартал нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра
-
Калас: Признавањето на Палестина нема да ја подобри хуманитарната состојба во Газа
-
79-годишник од скопско пронајден починат во неговиот дом
-
16-годишен штипјанец тепал друг малолетник со боксирач и тешко го повредил
-
Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат намалување на старосната граница за кривична одговорност на 12 години
-
Кривична за двајца струмичани, едниот возел украден мотор, другиот на велосипед „превезувал“ железна биста
-
На 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје