Нема конечни резултати од изборите во Црна Гора - разговорите за новата влада ќе почнат по нивното објавување
Државната изборна комисија (ДИК) на Црна Гора соопшти дека не се исполнети законските услови за објавување на конечните резултати од парламентарните избори во таа земја.
Од Движењето Европа сега, кое според првичните резултати освои најмногу гласови, соопштија дека официјалните разговори за новата влада ќе почнат дури по објавувањето на конечните изборни резултати.
Мугоша за РТЦГ изјави дека не може да каже кој е крајниот рок за да се утврдат резултатите од изборите, бидејќи тоа зависи од повеќе фактори, односно кога апликантите ќе поднесат приговори до ДИК и која ќе биде динамиката на одлучување на Уставниот суд.
До денес се поднесени 24 приговори, меѓу кои најмногу се Социјалдемократската патрија и коалицијата „Правда за сите“ на Владимир Лепосавиќ.
Според првичните резултати, тие не го поминале изборниот цензус.
Вонредните парламентарни избори за 81 пратеник во црногорскиот Парламент се одржаа на 11 јуни, а на новата влада и е потребна поддршка од најмалку 41 пратеник.
Ниту една партија или коалиција не освои доминантно мнозинство. рп/Фото: МИА архива.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната