Нема да биде лесно без Роналдо
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, рекол дека е вознемирен поради суспензијата што Фудбалскиот сојуз на Шпанија (ФСШ) му ја изрече на Кристијано Роналдо. ФСШ го суспендира Португалецот на пет натпревари поради црвениот картон што го доби против Барселона во неделата и поради тоа што откако беше исклучен, го турна главниот судија.
„Многу сум изнервиран. Сите сме вознемирени. Не сакам да ги напаѓам судиите, но кога ќе видите што се случи и ќе помислите дека Кристијано нема да игра пет натпревари… Нешто се случи, вознемирен сум“, рекол Зидан на прес-конференција.
Кристијано е суспендиран на еден натпревар поради црвениот картон, а четири поради тоа што го турна главниот судија на првиот меч од шпанскиот Суперкуп против Барселона.
Реал ја обжали одлуката на ФСШ.
Ново на Сител
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?