Некрополата Милци значајна во проучувањето на религијата на пајонските заедници
Археолошките истражувања на 79 гробови и пронајдените предмети, од кои некои уникатни во подрачјето на Долно Повардарие, несомнено укажуваат дека некрополата Милци кај Гевгелија има големо значење во проучувањето на религијата на пајонските заедници.
Со систематските ископувања на гробните конструкции во периодот од 2011 до 2016 година, инвентарот на пронајдени предмети се состои од расфрлени ниски монисти од бледожолта и сина стаклена паста компонирана во облик на ѓердан, керамички комплет од длабоки чинии, шолји и бокал, фрагментирана железна игла и група метални предмети меѓу кои и пронајдениот уникатен бронзен предмет во форма на музичкиот инструмент лира.
– Сите предмети се најдени во затворени гробни целини, што во односното време на некрополата Милци и обезбедува место на најзначајно наоѓалиште на погребни метални прилози, особено на ,,македонско-пајонските бронзи“ во овој дел од Долно Повардарие, вели Бобан Хусеновски археолог од гевгелискиот Народен музеј.
Интересот, вели тој, бил насочен кон откриениот нов тип на уникатен бронзен приврзок, кој според обликот претставува намалена стилизирана копија на музичкиот инструмент лира.

Според него, од суштинско значење е атрибуцијата на лирата на богот Аполон, кој во улога на чувар на музиката ќе се доближи до обичајот за почитување на култот на Сонцето кај пајонските заедници кое било преточено во еден од најстарите култови раширен по европскиот, медитеранскиот и бакланскиот простор уште во бронзеното време.
Огромно е значењето на уште еден предмет пронајден во некрополата од железното време, Милци кај Гевгелија.Тоа е фрагментираната златна фолија чиј што автентичен облик,поради нејзината истрошеност и деформациите, не може да се согледа во целост.
– Од нејзиниот оригинален изглед и пластичната декорација недостасуваат ситни делови. Надворешниот раб е врамен со двојна рамка, а во центарот се наоѓа умбо околу кое се шири розета од 16 листови со бадеместа форма која на крајно стилизиран начин упатува на Сонцето, а можеби и на постојниот култ кон него, појаснува Хусеновски.
Наведе дека некрополата Милци во близина на Гевгелија е евидентирана пред повеќе од 40 години и до сега во неколку наврати на неа се вршени систематски археолошки ископувања.
Ново на Сител
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд
-
Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили
-
Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
-
Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена