Македонија
31. October 2017 - 21:51

Неколку жртви во нападот на Менхетн

Неколку лица загинале, а повеќе се повредени во инцидентот што денеска се случи на Менхетн во Њујорк, јавуваат светските медиуми.

Досега доаѓаат различни извештаи од светските и локалните медиуми. Според некои, едно лице со пиштол отворило оган врз пешаци и велосипедисти на велосипедска патека, а потоа влегло во возилото за да избега при што прегазило неколку луѓе.

Според други медиуми, комбето прво удрило во велосипедистите и пешаците, а потоа од него излегол напаѓачот кој отворил оган врз минувачите.

Некои американски медиуми јавија дека има тројца загинати, други јавија дека се работи за шест лица, а повеќе луѓе се повредени. 

Во врска со инцидентот уапсено е едно лице, за кое исто така доаѓаат различни информации во врска со тоа како е уапсено и дали полицијата пукала во него.

Инцидентот се случил во близина на седиштето на локалната власт на Њујорк, област која се наоѓа во близина на Светскиот трговски центар