Неколку скопски општини и села утре без струја
Дел од потрошувачите од село Љуботен утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 6 до 9 часот, без струја ќе бидат и делови од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Радуша, Долна и Горна Матка, Грчец, Љубин, Глумово, Шишево, Арнакија, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Велеполе, Кучково, Чашка, Семениште, Ласкарци, Паничари и Раовиќ.
Во периодот од 08 до 16 часот, без електрична енергија ќе се и корисниците од населба Горно Лисиче во близина на црквата свети „Петар и Павле“, улица „1515“ во населба Пинтија, местото викано Смрека, делови од улица „Ѓорѓи Капчев“, подулици „1“, „4“, и „16“, делови од улицата „Христо Татарчев“ - подулици „9“ и „15“ во општина Аеродром и Кисела Вода.
Од 9 до 14 часот, без струја ќе бидеат и дел од корисниците од селата Црешево, Виниче и Булачани.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар