Неколку штипски училишта чекаат на реконструкција, со средства од државниот буџет
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска информираше дека во ООУ „Тошо Арсов“ е завршен тендерот од страна на Министерството за образование, каде што треба да се заменат прозорците и вратите, а од страна на родителите имаше и реакции. Тој најави дека наскоро учениците во ООУ „Славејко Арсов“ ќе имаат услови за одржување на настава по физичко во новата спортска сала во текот на зимскиот период.
- Сега тече тендерска постапка околу изградба на нов парен котел и просторија за затоплување на спортската сала. Општината ги обезбеди парите. Што се однесува за изградбата на петте училници во ова училиште имаме реален проблем. Тие се влезени во Програмата на Министерството за образование, но досега нема ни трага ни глас дека тоа ќе се реализира, вели Захариев.
Тој истакна дека очекува и изградба на нова спортска сала во приградската населба Три чешми, а како што вели Захариев веќе и испратил писмо на министерката за образование во кое што образложува дека изградбата на оваа сала е еден од приоритетите. Се уште се чека и на дислокацијата на Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, кое со одлука на Владата треба да се дислоцира во простории кои треба да се изградат во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Зградата на средното текстилно училиште е дадена на Универзитетот „Гоце Делчев“ со обврска Владата да инвестира во нови простории каде што ќе се смести ова училиште.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори