Неколку десетици убиени и ранети во талибанскиот напад врз аеродромот во Кандахар

Најмалку 37 цивили и авганистански војници се убиени, а 35 се ранети во синоќешниот напад на талибанските борци врз аеродромот во Кандахар, информира авганистанското Министерство за одбрана, цитирано од британските медиуми.
Во нападот, исто така, загинаа и деветмина талибанци, додека еден е ранет. Последниот преживеан талибанец и натаму им дава отпор на авганистанските сили за безбедност, се додава во соопштението на министерството.
Локалните власти изјавија дека талибанците синоќа нападнале периферен дел од огромниот и силно обезбеден аеродромски комплекс, откако првично зазеле позиции во училиште во станбениот дел на објектот, што вклучува како цивилен аеродром, така и воена база.
Нападот се совпадна со почетокот на регионалната безбедносна конференција во Исламабад, на која авганистанскиот претседател Ашраф Гани упати повик за поголема регионална помош во битката со исламските бунтовници, посочувата британските медиуми.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
