Неколку автобуси за евакуирање на двете сириски села биле нападнати и запалени

Неколку автобуси, кои тргнале кон сириските шиитски села Ал-Фуа и Кефраја, со цел да евакуираат болни и повредени жители од двете населени места, денеска биле нападнати и запалени, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Некои автобуси, како и автомобили на Црвената полумесечина, стигнале до двете села во провинцијата Идлиб, кои се под опсада на сириските бунтовници.
Сириските владини сили настојуваат на жителите од двете села, кои се главно шиити, да им биде дозволено да ги напуштат во замена за евакуирањето на бунтовници и цивили од источниот дел на Алепо.
Медиумите објавуваат дека „вооружени терористи“ нападнале пет автобуси, кои ги запалиле и уништиле.
Бунтовничките групи во реонот засега не ги коментирале ваквите тврдења.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
