Нејзините соседи имале прегласен секс: Им испратила порака која стана хит на интернет!
Иако била уплашена од можната реакција, Џена сепак одлучила да напише порака и да ја турне под вратата на својата сосетка чии звуци додека водела љубов ја држеле будна.
„Поздрав сосетке, те молам имај секс малку потивко. Некои од нас се обидуваат да спијат и да не се потсетуваат дека се сами… чувствувај се слободно да водиш љубов до кога сакаш. Само те молам, прави го тоа со помалку врева. Ти благодарам!“
Иако била уплашена од можната реакција, Џена сепак одлучила да напише порака и да ја турне под вратата на својата сосетка чии звуци додека водела љубов ја држеле будна.
Следниот ден добила чоколада на која било напишано извинување и интересна честитка со мотив од банана на која бил напишан уште поинтересен одговор:
„Најдраги соседи, неверојатно ми е жал поради вревата. Не знаев дека сум толку гласна, понекогаш гласниот секс е возбудлив, но очигледно на твоја штета, поради што искрено се извинувам. Многу ми е жал, се надевам дека тоа не се случувално премногу често и многу ти благодарам на смешната порака. Ќе се потрудам да имам потивок секс. И не грижи се, нема да бидеш сама засекогаш. Вистинската личност ќе дојде кога ќе биде вистинското време. Јас бев сама 18 години. Хаха. Уште еднаш длабоко се извинувам.“
Џена ја фотографирала пораката и одговорот и ги објавила на својот профил на Твитер, а истите станале вирален хит за само неколку дена.
„Сè уште не сум ги запознала моите соседи, но ми испратија Твит дека се возбудени што нашата приказна е вирална и дека засекогаш ќе ја чуваат мојата порака“, изјавила Џена Лавин за Mashable.
Ново на Сител
-
Четворица повредени при пад на мал авион врз куќа во Колорадо
-
Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
-
Поплави во Сиднеј
-
Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово
-
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
„Самсунг“ воведува софистицирана „Галакси АИ“ технологија
-
Зверев противник на Алкараз во финалето на Ролан Гарос
-
Полагање на вториот екстерен испит од државната матура