Семејството Стивенс не било дома во текот на викендот и откриле дека Маритес била заробена во лифтот дури кога се вратиле во понеделникот, објави Њујорк Тајмс.
Ги алармирале пожарникарите кои на сила ја отвориле вратата од лифтот.
Фортализа, која помага во куќата на семејството Стивенс веќе 19 години, префрлена е во болнциа. Таа дехидрирала, но нејзината состојба е стабилна, пренесува Би Би Си.
Како што е објавено, Фортализа била заглавена меѓу вториот и третиот кат.