Нејмар: Си ги платив даноците, во Шпанија се судам само со Барса
Најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар негираше дека има покренато процес против него од шпанските даночни власти во врска со неговиот приход во последните месеци од неговиот престој во Барселона.
Вчера, шпански изданија излегоа со веста дека даночните власти го истражуваат Бразилецот дали ги уплатил парите кои ги должи, по трансферот во ПСЖ, како и оние кои се однесуваат на специјален бонус од каталонскиот клуб.
Во специјално коминике, компанијата која се грижи за правата на фудбалерот одговори во негово име дека сè околу неговото даночно досие е чисто и платено. Навистина, тој е вклучен во судски процес, но тој е против неговиот поранешен клуб и се однесува на премијата за која станува збор.
– Нема никакви истраги, отворени од шпанските даночни власти во врска со Нејмар. Има всушност барање од нив, за да им биде пратено мислење од случајот, што се води од страна на фудбалерот против Барселона, а кој се однесува на неисплатената од клубот премија. Рочиштето за тоа дело е закажано на 21 март, и ова е единствената судска битка во која тој е вмешан. Компанијата која се грижи за имиџ правата на Нејмар, категорично сака да објави дека тој ги платил сите достасани од него суми кон касата во Шпанија за 2017 година до завршувањето на фискалната 2018 година. Се надеваме дека со тоа го разјаснивме случајот, пишува во својата реакција компанијата „НР Спортс“, која се грижи за сè што е надвор од фудбалот околу Нејмар.
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар