Неизвесен почетокот на седницата за уставни измени
Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за пристапување кон уставни измени иако беше најавена за 15 часот, се уште не е започната и не се знае кога и дали воопшто ќе започне.
Во салата за пленарни седници веќе се присутни дел од пратениците од владејачкото мнозинство, а на галеријата и бројни медиумски екипи.
Нема информации зошто повторно седницата не започнува во терминот што беше најавен. Првично, продолжението на оваа седница беше закажано за во 12 часот и по чекање од час и половина одложено за 15 часот.
Според неофицијалните информации што ги објавуваат одредени медиуми, обезбедено е двотретинско мнозинство.
Во меѓувреме дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ одржаа прес-конференција на која го повикаа претседателот на Собранието Талат Џафери да свика гласање за уставните измени за да се види дека нема двотретинско мнозинство.
Според информациите од Собранието, во зградата се уште е премиерот Зоран Заев кој пристигна околу 12 часот за кога првично беше најавено продолжението на оваа седница.
Ново на Сител
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
