Неговиот случај го потресе светот: Еве како изгледа денес момчето обвинето за вештерство!
Момчето кое локалното население го обвинило за вештерство, по што било исфрлено на улица каде за малку ќе умрело, се опорави и сега изгледа како здрав двегодишник.
Фотографиите кои кон средината на февруари ги објави хуманитарната работничка Ања Рингерен Ловен ја шокираа светската јавност.
„Кога го носев ова слатко момче во своите раце за прв пат, бев сигурна дека нема да преживее. Секој негов здив беше борба, а јас не сакав да умре без име и достоинство, па му го дадов името Hope (надеж)“, рекла Рингрен Ловен.
Додала дека за неа Hope е посебно име.
„Не само поради своето значење, туку и она што самите букви го претставуваат. Пред многу години тие букви ги истетовирав на прстите, бидејќи тоа за мене значи ’Help One Person Everyday’ (Помогни му на една личност секој ден)“, рекла хуманитарната работничка.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата