-->
-->
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство
-->
Неготинец пријавил во полиција измама од тетовец за работа во странство, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 12.45 часот, во ОВР Неготино, 39-годишен маж од овој град, пријавил дека бил измамен од машко лице од Тетово. Според пријавеното, тој во август 2024 година, на социјална мрежа забележал оглас за работа во странство, започнал телефонска комуникација со лице од Тетово и на банкарска сметка уплатил 12.000 денари. На седми април 2025 година, мајката на пријавителот му платила уште 300 евра на лицето од Тетово, по што пријавителот не можел повеќе да стапи во контакт со него и сфатил дека е измамен, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта