-->
-->
Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-->

Неготинец во полиција пријавил измама од 280.000 денари, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 12:40 часот во ОВР - Неготино, 66-годишен неготинец пријави дека бил измамен од машко лице за сума од 280.000 денари. Според пријавеното, тие усно се договориле пријавителот од септември 2025, да биде работно ангажиран за одреден месечен надомест, но, во периодот од јануари до август 2026 не бил исплатен, а во телефонски разговор пријавениот го навредувал и му се заканувал - информираа од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
