Негативни тестовите на српските туристи на грчкиот остров Евија
Негативни се сите 87 тестови направени на туристите од Србија сместени во Едипсос на грчкиот остров Евија, откако двајца од групата завчера беше потврдено дека се заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Градоначалникот на приморското место, Јанис Конѕиас, преку социјалните мрежи објави дека резултатите на туристите се негативни и додаде дека „Едипсос останува отворен и covid free“.
Групата туристи, на островот Евија пристигнале во саботата, завчера беше потврдено дека брачен пар што е дел од групата е позитивен на новиот коронавирус, а мажот беше хоспитализиран во болницата во градот Ламиа, по што започна тестирањето на сите српски туристи.
Во изминатите денови, зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, особено кај посетителите што доаѓаат на летен одмор во земјата. Вчера беа соопштени 50 нови случаи, од кои 24 кај туристи.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за денеска свика состанок со надлежните министри за да разговараат за текот на оперативниот план за контроли на влезните точки во Грција.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат