Нефункционалноста на законодавниот дом е во неработењето на собраниските комисии, вели Џафери
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја гледа нефункционалноста на законодавниот дом во неработењето на собраниските комисии каде се заглавени закони кои треба да бидат усвоени на пленарна седница.
Според сегашните норми во Деловникот за работа на Собранието, законот не може да биде ставен на усвојување на пленарна седница додека не помине низ собраниските комисии. Тоа, смета Џафери, е пречка за работата на пленарните седници.
– Комисијата се става над пленарната седница и Собранието не може да ги извршува своите надлежности поради однесувањето на претседателите на комисиите, рече Џафери.
Од тие причини, смета дека во новиот деловник за работа би требало да се надминат овие пропусти во насока на тоа доколку во законски утврдениот рок не помине одреден закон на матичната комисија, истиот да се најде на пленарна седница на усвојување.
– Работата е во одговорноста на претседателите на комисиите, а дел од комисиите во последно време се блокирани со процедурални забелешки на пратениците. Работата стои во одговорноста или неодговорноста на претседателите на комисите, без оглед на тоа од која партија се, рече Џафери, додавајќи дека тој како претседател на законодавниот дом нема надлежност да ги санкционира комисиите.
Во однос на интерпелациите на министрите што се поднесени од страна на опозицијата, Џафери информираше дека тие се ставни на седница, но не се разгледани, поради отсуство на предлагачите или на лицето на кое се однесува интерпелацијата. За неговата интерпелација вели дека според Деловникот за работа, таква интерпелација не е поднесена затоа што во моментот кога била поднесена била вратена поради неуредност.
– Според Деловникот во рок од 15 дена требало интерпелацијата да се доуреди и доколку во овој рок била вратена, би влегла во собранска процедура. Подносителите не постапија по укажувањето на неуредноста во рок од 15 дена и според тоа сметам дека не е поднесена, појасни Џафери.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
