Македонија
12. October 2025 - 16:35

Недостиг од стручен кадар во охридската болница

Општата болница во Охрид кубури со стручен медицински кадар. Дефицит има на повеќето одделенија но најкритично е на урологија и во одделението за физикална медицина каде има само по еден доктор специјалист и тоа пред пензија.

Според систематизацијата во болницата фалат 86 лица најразличен кадар од докторки, медицински сестри, болничари и хигиеничарки, само изминaтаtа година се пензионирале 10 доктори специјалисти.

Од болницата уверуваат дека не постои опасност некое од одделенијата да биде затворено, за две години од болницата пуштени се 35 лица на специјализација.

Инаку дефицитот на кадарот во охридската болница моментално се надополнува со ангажирање доктори од другите болници.