Недостасуваат 500 полуматуранти за местата во средните училишта во Струмица
Во новата учебна 2016/2017 година во прва година во трите средни општински училишта во Струмица ќе можат да се запишат вкупно 1.248 ученици, но недостигаат околу 500 полуматуранти, покажало истражувањето што го спровеле здруженија на граѓани од Струмица. Според директорот на СОУ „Никола Карев“, Драги Јанков, кај што има 500 слободни места, најмногу од сите три школи, „борбата“ за ученици годинава ќе биде тешка.
- Борбата за ученици ќе биде голема. Недостасуваат доста ученици- деветооделенци во регионот и пошироко. Еден проблем е иселувањето на граѓаните од нашето подрачје, а другиот проблем е првата година од воведувањето на деветтолетката. Половина година од раѓањето на тие генерации се ускратени да бидат сега деветто одделение, така што настанува еден вакум. Според истражувањето и анкетите на Центарот на заедниците на Струмица недостасуваат повеќе од 500 деца, вели Јанков.
Во прва година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ ќе можат да се запишат вкупно 374 ученици распоредени во 11 паралелки и тоа 238 во гимназиското образование и 136 во економско – правна и трговска струка. Во средното училиште „Димитар Влахов“ во прва година ќе се запишат вкупно 374 ученици распоредени во 11 паралелки и тоа 170 ученици во земјоделско – ветеринарната струка и по 102 ученика во земјоделско – техничката и здравствената струка.
Во СОУ „Никола Карев“ во новата учебна 2016/2017 година слободни места ќе има за вкупно 500 ученици во 15 паралелки и тоа 136 во машинската струка, 68 во текстилно – кожарската струка, 34 во уметничко образование,126 во електротехничката, 68 во сообраќајната и по 34 во шумарско – преработувачката и градежно – геодетската струка.
Првото пријавување за запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016година. Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на1 јули 2016 година, а резултатите ќе се објават на 2 јули 2016 година.
Ново на Сител
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово
-
МЗ: Комисијата не најде грешка во работењето на Болница во Кавадарци во врска со починатото дете
-
Кривична пријава против правно лице, во ceф соба биле пронајдени 382 кутии со марихуана
-
Баерн и Фламенго први осминафиналисти на Светското клупско првенство
-
Уапсено лице од тетовско, возело со 190 км на час на место каде што е дозволено 80
-
Путин: Киев мора да ги признае резултатите од референдумот или конфликтот ќе продолжи
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир