Неделков: Страшно се лажете ако мислите дека со жестоките напади ќе ги поколебате штрајкувачите

Со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до решение и запирање на штрајкот во градинките и училиштата.
Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК . Со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот. Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е.
Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК ( Советот на СОНК ), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе ,,разумна,, одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека ,, понудата не важи,,. Не благодариме!
И конечно, одрдени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?
Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.
И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК.
Фејсбук статус на Јаким Неделков, претседател на СОНК
Ново на Сител
-

Шмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повреда
-

Клебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот куп
-

Голманот на Барселона Гарсија ќе биде надвор од терените неколку недели
-

Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите на КОНКАКАФ
-

Салах стана првиот Африканец, Кејн првиот Англичанец со постигнати 50 гола во Лигата на шампионите
-

Вработен во ДЗС за „Пулс“: ДЗС нема инспектор за редовен надзор во Кочани, вонредни се вршат само по налог или пријава
-

Савески: Сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните, интересите на политичките партии не се мој интерес
-

Мицкоски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
