Недела на современ полски филм

Со проекција на филмот „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович вечер во Кинотека на Македонија ќе почне Неделата на современ полски филм.
До 9 мај ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови, а посетителите ќе можат да погледнат уште пет филмови. На програмата се филмовите: „Ракописот од Сарагоса“ режиран од Војчек Хас, „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, „Нож во вода“ на Роман Полански.
Последните два дена од Неделата на полски филмови се посветени на режисерот Кшиштоф Кешловски. Во вторник посетителите ќе можат да го погледнат „Краток филм за љубовта“, а следниот ден ќе биде прикажан „Краток филм за убивањето“. И двата филма се реализирани во 1988 година.
Програмата се реализира во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
