Недела на грижа за стари лица

Црвен крст на град Скопје од денеска до 24. месецов организира активности во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Во рамки на неделата на грижа за стари лица се планира посета на дневен центар за стари лица од страна на центар за деца со церебрална парализа, информативни точки, фестивал на пензионерски хорови, како и посета на старски дом „Мајка Тереза“ и „Вита Ве“. Централниот настан – национална конференција „Здраво стареење и социјални сервиси за старите лица“ ќе се одржи утре.
Сервисот Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, е поддржан од Град Скопје, Албиз Фондацијата и швајцарскиот Црвен крст. Целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 195 стари лица во домашни услови и повеќе од 1 000 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица. Активностите ги спроведуваат медицински персонал и волонтери на Црвен крст на град Скопје.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
