-->
-->
Недела 14ч: Федерер против Надал
-->
Љубителите на тенисот чекаа и дочекаа нов ол-раунд меч помеѓу големите ѕвезди на светскиот тенис Федерер и Надал. Средбата во финалето на турнирот во Базел е закажана за в недела во 14 часот.
Федерер лесно во полуфиналето со 2-0 (6-3, 6-4) славеше над Џек Сок за да се сретне со Рафаел Надал кој во полуфиналната фаза исто така со 2-0 (6-4, 7-6) славеше над Ришар Гаске. Ова ќе биде прво „ел класико“ меѓу Роџер и Рафа по две години. Последен пат двајцата тенисери играа на стартот на 2014 година, односно пред 21 месец, на грен-слемот Австралијан опен каде победник беше Надал (7-6 (4), 6-3, 6-3).
Финалето меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал се игра утре од 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата