-->
-->
Неда Украден проговори за тоа дали е сираче од Ресен посвоено во Далмација
-->
Неда Украден е една од најпознатите пејачки на просторот на поранешна Југославија. Нејзиното присуство на настани или концерти, особено кај постарата генерација буди убави спомени на едно минато време.Работам како пејачка, но и како менаџер, пи-ар, шофер и стилист. Работам и дома како секоја нормална жена. Најмалку време поминувам во козметички салони. Од пред една година имам и сопствен салон за убавина со кој управува ќерка ми, но најмалку ќе ме видите таму.
Tоа, нормално не значи дека не сум негувана. Пред сѐ, водам сметка за исхраната. Одлично готвам, ја сакам далматинската кујна бидејќи таму сум родена – објасни таа.
Пред три години кога се натпреваруваше во шоуто „Твоето лице звучи познато“ за „Дневник“ изјави дека подолг период ја нема посетено Македонија и дека навистина и недостасува нашата публика.
Порано често доаѓав во земјата во која имам само убави спомени, турнеи, концерти, многу фанови и пријатели. Имам семејни пријатели и многу драги соработници. Мојата љубов кон македонската музика е позната. Едно време дури ме следеа трачеви дека сум сираче од Ресен и дека сум посвоена од моите родители – се пошегува Неда.
Во истото интервју откри дека никогаш не сонувала да биде пејачка, дека толку долго ќе биде популарна.
Се образував за сосема други работи. Немам соништа. Желбата за големо семејство ми ја оствари мојата Јелена и сега само посакувам здравје за себе, за моите најмили и за сите луѓе и што подолго да уживаме во животот – изјави таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента
-

Трамп: Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан
-

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ - учениците влегуваа од другата страна
-

Дрон погоди минибус во рускиот Брјански регион, возачот загина, а пет лица се повредени
-

Бесент: Русија ќе ги почувствува последиците од американските санкции
-

Вучиќ за проблемите во енергетскиот сектор: Ако нема решение - Србија самостојно ќе одлучи за заштитата на граѓаните
-

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали
-

Минчев: Како коалиција сме во завршна фаза на нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници
