Балкан
27. October 2025 - 8:47

Вучиќ за проблемите во енергетскиот сектор: Ако нема решение - Србија самостојно ќе одлучи за заштитата на граѓаните

За домашниот енергетски сектор следните седум денови ќе бидат многу важни и потоа ќе се разговара со „руски, американски и европски партнери“ за да се најде решение за снабдувањето со гас и нафта,. Доколку не се најде решение тогаш државата во наредната недела потоа, сама ќе донесе одлуки. Тоа синоќа на Инстаграм го објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Следната недела е исклучително важна и во таа недела ќе разговараме со руските, американските и европските партнери за да најдеме решение. Ако немаме решение за проблемите следната недела, ние самите ќе донесеме одлуки таа недела и ќе го заштитиме населението… Верувам дека ќе обезбедиме доволни количини (за сите енергенси)“.

Според него, Србија „ќе биде апсолутно безбедна за се до 10 или 15 ноември“, и додаде дека неодамна воведените санкции врз Росњефт и Лукоил, што САД првично ги воведоа врз неевропските филијали на тие компании, „ќе стапат во сила на 21 ноември“.

Покрај санкциите воведени врз тие компании и врз Националната индустрија на Србија, Вучиќ рече дека дополнителен проблем за домашното снабдување е несреќата во унгарската рафинерија за нафта МОЛ, за која рече дека истрагата ќе покаже дали станува збор за саботажа.

 

МИА