Неа демократија нема да гласа за ратификација на договорот

Какво мнозинство и да одбере владата, Нова демократија нема да гласа за ратификација на договорот, соопштуваат од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Независни Грција, коалициониот партнер во грчката влада, дека бара 180, наместо 151 пратеник за грчкиот парламент да го одобри договорот со Македонија, од Нова демократија велат дека „не постојат зборови да се опише Панос Каменос“, кој е „олицетворение на политичкото самопонижување“.
- Изјавата дека договорот од Преспа треба да се ратификува од 180 пратеници, но и дека тој ќе гласа против, ќе остане во историјата како олицетворение на политичкото самопонижување. Нова демократија, се подразбира дека нема да го ратификува договорот, какво мнозинство и да одберат господата Ципрас и Каменос. Заедно го потпишаа и целосно ја носат одговорноста за завршените работи што веќе се создадоа на товар на Грција, соопштуваат од Нова демократија и додаваат дека е неопходно што е можно поскоро да се одржат избори.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
