Не зел плата па седнал во багер и му уништил 5 камиони на газдата | ВИДЕО
Работник од Турција по име Хакан М., создал вистински неред на работа поради неисплатената плата.
Имено, Хакан работел на ископ на јаглен, а откако не ја добил платата, седнал во багерот и искршил пет камиони на неговиот работодавец.
Сопственик на компанијата наводно е неговиот вујко Омер, пишува турскиот портал Хабертурк.
Тие пишуваат дека Хакан би направил уште поголема штета ако луѓето не почнале да го смируваат додека кршел камиони.
Овој инцидент, кој наводно се случил пред еден месец, е снимен и објавен на Тикток. За кратко време стана вирален.
Видеото за два дена собра 7,5 милиони прегледи и повеќе од 25.000 коментари. Многумина напишаа пораки за поддршка на Хакан.
„Тешко е, негово право е да си наплати“, „Тој дал се од себе“, „Зошто не ги плаќате вашите вработени?“, „Ќе го најдам овој човек и ќе му подадам рака“, „Тој го направи она што требаше да стори “,се некои од коментарите.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
