Не стивнуваат протестите во Албанија откако полицијата застрела 25-годишно момче
Протестите за смртта на 25-годишникот кој го застрела полицијата во Албанија продолжија петти ден по ред. Демонстрантите, кои првично се собраа на плоштадот Скендербег во Тирана, се судрија со полицијата по повикот да заминат дома поради забраната на масовни собири за време на коронавирусот.
Потоа демонстрантите маршираа по Булеварот на народни херои, извикувајќи „Правда за Клавдиј“ и „Без правда, нема мир“, а инцидентите беа снимени додека поминуваа покрај седиштето на премиерот на Албанија. Полицискиот час беше воведен во Албанија како дел од мерките преземени за контрола на коронавирусот.
Демонстрантите побараа оставка од началникот на полицијата и ослободување на уапсените во неколкудневните судири со полицијата. Подоцна, некои фрлаа камења кон полициската станица во Тирана, каде полицијата одговори со солзавец и водени топови. Мали протести се одржаа и во други градови.
Демонстрантите и пркосеа на забраната за јавни собири и се судрија со полицијата во последните денови откако Клодијан Раша (25) беше убиен во Тирана среде полициски час рано во вторникот. Полицијата тврди дека тој ги игнорирал повиците на полициските службеници да застане и побегнал. Уапсен е полицаец кој пукал во него и го убил и е под истрага за „убиства што ја надминуваат неопходната самоодбрана“.
Ново на Сител
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ